Во Албанија од Ковид-19 починаа 18, а новозаразени се 801 лице

epa08281802 Albanian police stands behind a fence in the infected section in the center hospital in Tirana, Albania, 09 March 2020. Albanian authorities have secured the infection section and closed every social activities in the country after they discovered the first two cases of patients infected with Covid-19. EPA-EFE/Malton Dibra

По благото опаѓање на бројот на заразени на дневно ниво, во последното деноноќие во Албанија, според Министерството за здравство и социјална заштита забележани се повторни високи бројки.

-Во изминатите 24 часа од направените 2.264 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 801 лице, што е 35,3 отсто од тестираните. Во исто време регистрирана е висока бројка на починати или 18 сите во болнички услови, додека вирусот го победиле 490 лица, информираше министерството.

Моментно во четирите ковид болници хоспитализирани се 483 пациенти, од нив 35 се на интензивна терапија, додека 10 се интубирани.

-За седум месеци, од почетокот на март, кога беа регистрирани првите случаи, до сега направени се 199.326 тестови, позитивни беа 41.302 лица, оздравеа 20.974, додека починаа 870 лица. Апелираме на строго почитување на мерките и препораките, со цел да го заштитиме сопствено и здравјето на нашите најблиски, -апелира министерството.

Инаку и понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде се 349 од новопотврдените случаи. Во главниот град се и 10.503 од вкупно активните 19.458.

Поради тоа, како што претходно најави министерката Огерта Манастирлиу, в понеделник во Тирана ќе почне примената на брзите тестови. Рече дека набавени се 100.000 а набрзо ќе бидат обезбедени уште 300.000 брзи тестови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот