Во Албанија издадени 38 наредби за апсења во врска со последиците од катастрофалниот земјотрес

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

ТВ „Клан” објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти е во потрага по останатите 11.

Албанските обвинители издадоа потерници за 38 лица заради непочитување на прописи при градба на згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември.

ТВ „Клан” објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти е во потрага по останатите 11.

Меѓу нив има општински службеници, локални лидери и инженери, осомничени за фалсификување документи и издавање дозволи за нестабилни згради. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници.

Тирана претрпе големи штети во земјотресот на 26 ноември. Уништувањето беше многу поголемо во близина на епицентарот на брегот на Јадранското Море, претежно во градовите Драч и Туман а 51 лица загина во урнатите згради.

Слична акција неодамна беше преземена и во Драч, каде беа уапсени 18 лица,но пола од нив беа ослободени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот