Во Албанија инфлација од 3,7 отсто, највисока во последните 11 години

Инфлација, илустрација / Фото: МИА

 Растот на цените во Албанија беше незапирлив и во декември, додека инфлацијата достигна стапка од 3,7 проценти, што е највисоко ниво во последните 11 години.

-Инфлацијата расте, пред сè поради цените на енергетските производи кои достигнаа рекордни нивоа, додека нафтата и бензинот достигнаа цена од 185 односно 187 леки, речиси 20 отсто поскапи во однос на декември претходната година. Најголем раст на цената е забележана кај гасот и тоа за 70 отсто и сега се продава по 94 лека за литар, наведува Топ чанел.

Според истиот извор, по транспортот, инфлацијата е поттикната и од цените на храната. Зголемени се цените на сите прехранбени производи, а за тоа трговците обвинуваат за високите увозни цени, но и за неповолното домашно производство. Покрај овие групи годинава поскапеле и забавата, киријата, облеката и тутунот.

Високата инфлација може да се претвори во сериозен проблем за стопанството во услови кога куповната моќ на граѓаните значително опаѓа, додека парите во банкарските депозити продолжуваат да ја губат вредноста.

-Исто така, Централната банка може да биде принудена да ги зголеми каматните стапки бидејќи инфлацијата значително ја надмина предвидената стапка од страна на банката од 3 проценти, што би донело дополнителни трошоци за кредитите на станбените хипотеки, констатира телевизијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот