Во Албанија до денеска вакцинирани 13 495 лица, утре пристигнува пратка од 15 000 вакцини од „Фајзер“

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита информираше дека денеска вакцина против ковид-19 примиле 1 028 лица, главно здравствени работници, како и постари лица од 80 години.

Според Министерството, досега во земјата со имунизацијата се опфатени 13 495 лица, од нив 500 и со втора доза од вакцината.

Утре приситигнува пратка со 15 000 вакцини од компанијата „Фајзер“, што со претходно добиените станува збор за количина од 31 380 од договорените 500 000 со оваа компанија.

Вакцинацијата почна на 11 јануари со добиените 975 вакцини од, како што тогаш изјави премиерот Еди Рама, една пријателска земја. Најдоброто сценарио за да се заврши процесот на вакцинација на популацијата постара од 18 години е 14 месеци.

Во меѓувреме продолжува негатвниот тренд на новозразени и починати присутен во текот на целиот месец.

– Во последните 24 часа, од направените 3 805 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 952, што е 25 отсто од тестираните. Во исто време, оздравни се 804 додека починале 21 пациент. Во четирите ковид болници во Тирана и трите регонални болници хоспитализирани се 662 пациенти, од нив 49 се на интензивна терапија, додека 14 се интубирани, информира Министерството.

Досега во Албанија се направени 466 785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107 167, оздравеле 69 773 пациенти, активни на болеста се 35.598 пациенти, а починале 1 796 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот