6 C
Скопје

Во Албанија 737 заразени, 414 оздравени и 13 починати од Ковид-19

Во Албанија и во изминатото деноноќие регистрирани се високи бројки на новозарзени со Ковид-19, на оздравени но и на починати.

-Од направените 2.470 тестови ковид позитивни биле 737 лица, што е 30 отсто од тестираните случаи. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 414 или 15.469 од вкупно заразените 32.196 лица. За жал битката ја изгубија 13 лица на возраст од 54 до 85 годни ,односно 685 до сега, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор, се зголемува и бројот на хоспитализирани. Во трите ковид болници се третираат 443 пациенти.

Во меѓувреме продолжуваат обвинувањата од опозицијата дека властите ја затскриваат реалната бројка на починати, но и на „наводните слободни болнички капацитети”.

Прочитајте и...  Стефановиќ и Докиќ: Вирусот е непредвидлив и подмолен, да не се земаат антибиотици на своја рака и без индикација

Докторката Мирела Табаку, експерт од јавното здравство, во име на опозициската Демократска партија, објави видео каде се гледа редица амбулантни возила пред втората ковид болница „Шефќет Ндроќи” во кои има пациенти на кои тука им се пружа лекарска услуга.

Поврзани вести

Шахпаска: Во Скопскиот регион регистрирани 283 жртви на семејно насилство

Слободен печат

Министерски состанок на Агендата на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации

Слободен печат

Регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19, починаа 33 лица

Маријана Митровска

Анкета: Европејците се повеќе користат платежни картички

И.И.

СДСМ: Апсурдно е тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ немало ништо со амандманите

Слободен печат

Израелските пратеници го усвоија првичниот предлог за распуштање на Кнесетот, се поизвесни четвртите избори за две години

И.И.

Остави Коментар