Во Албанија 16 деца заразени со коронавирус

Ковид-19 криза Албанија/ Фото: ЕПА

Во Албанија, од вкупно 433 заразени со Ковид-19, 16 се деца, кои се во добра состојба, изјави Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.

– Досега има 16 деца заразени од коронавирус, за среќа на ниту едно од нив досега не му било потребно болничко сместување и сите во многу добра состојба. Децата со коронавирус се од Тирана, Драч, Скадар, Хас и Круја, нивната просечна возраст е осум години. Се заразиле од
друг член на семејство кој веќе бил заболен, одговори Ракацоли на новинарско прашање на денешната прес- конференција.

Таа информираше дека досега нема бремена жена заболена од Ковид-19 и оти нема податок дека има заразени во албанските затвори, јави дописничката на МИА од Тирана.

Прашана околу измените на Кривичниот законик што ги предлага Владата, таа одговри дека Владата делува во согласност со препораките на Комитетот на експерти.

– Се што прави Владата е во согласност со препораките дадени од Комитетот на експерти, кои се засноваат на многу детална анализа на моментната состојба со бројот на засегнатите лица и трендот на епидемијата. Несомнено, сето ова се прави во консултација со Светската здравствена
организација, изјави Ракацоли.

Предлог-измените во кои се предвидуваат многу поостроги казни за непочитувачите на мерките на Владата за спречување на проширувањето на вирусот, Парламентот треба да ги донесе на седница на 16 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот