Во акција на сараевската полиција уапсени се 29 лица, по уште тројца се трага

Апсење / Фото: МИА

Полициски екипи од кантонот Сараево и кантонот од Централна Босна денес извршија претрес на 32 локации и уапсија 29 лица осомничени за злоупотреба на дрога и недозволено поседување оружје и муниција.

Како дел од акцијата, со кодно име „Мрежа IV“, 23 лица беа уапсени во Зеница, две во Сараево и четири во кантонот Централна Босна, објави Министерството за внатрешни работи на кантонот Зеница-Добој.

Акцијата се спроведува во соработка со Федералната полициска управа и има за цел апсење и гонење на лица осомничени за кривични дела злоупотреба на дрога и недозволено поседување оружје и муниција.

 

Видео на денот