Во академската 2021/2022 година се запишале вкупно 51 510 студенти

Студенти/ Фото: ЕПА

Во академската 2021/2022 година во државава се запишале вкупно 51 510 студенти, што претставува зголемување за 1,2 проценти во однос на претходната академска година.
Бројот на запишани студентки е 29 823 или 57,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем број студенти (82,6 проценти) се запишале на државните високообразовни установи, додека 16,8 проценти се запишале на приватните високообразовни установи.

На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 13 434 студенти или 26,1 процент, а тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот