Во Африка над 1.44 милиони заразени со Ковид-19

 Повеќе од 8.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Африка вчера, со што вкупниот број на заразени на африканскиот континент достигна 1,44 милиони, соопшти Светската здравствена организација.

Според регионалната канцеларија на СЗО, во изминатите 24 часа починале уште 161 лице или вкупно 34.857. Досега се опоравија повеќе од 1,1 милиони луѓе.

Јужна Африка има најголем број на инфекции, 668.529, а повеќе од 16.000 луѓе починале. Повеќе од 102.000 луѓе се заразени во Египет и речиси 6.000 починале.

Во субсахарска Африка, најмногу заразени луѓе има во Нигерија, следува Гана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот