Во Африка бројот на заразени од коронавирус скокна за 43 отсто: Би можеле да умрат 300.000 луѓе

epa08373670 A handout photo made available by the Greek Organisation For The Public Health shows medical personnel make detection tests for Covid -19 to refugees from Somalia and Sudan hosted at a hotel in the area of Kranidi, Peloponnese, 20 April 2020. A 28-year-old pregnant woman from Somalia, who stays at the hotel that is operating under the supervision of the International Migration Organisation, was tested positive with coronavirus. 470 asylum seekers, mostly from Africa, are staying in the hotel. EPA-EFE/GREEK ORGANISATION FOR THE PUBLIC HEALTH / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Африка и натаму има можност да го спречи ова сценарио но дека тестирањето и следењето на контактите е од клучно значење.

Во Африка во текот на минатата недела е забележан пораст на бројот на заразени од коронавирус за 43 отсто, пренесува АП.

Светската здравствена организација предупреди дека африканскиот континент би можел да стане ново жариште на епидемијата.

Директорот на Централот за контрола и превенција на болести Џон Нкенгасонг изјави дека Африка има многу ограничени можности за тестирање, како и дека се очекува натамошен пораст на бројот на заразените.

Тој предупреди дека вирусот би можел да убие повеќе од 300.000 луѓе од Африка, како и дека ќе  турне во сиромаштија околу 30 милиони нејзини жители. Нкенгасонг смета дека Африка и натаму има можност да го спречи ова сценарио но дека тестирањето и следењето на контактите е од клучно значење.

Видео на денот