Во Африка 2.650 луѓе инфицирани со Ковид-19

СЗО  е подготвена да ги поддржи сите држави во борбата против вирусот, изјави генералниот директор на Организацијата, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Новиот коронавирус се прошири и во десетина земји во Африка, каде се инфицирани 2.650 луѓе, од кои 49 починаа, соопшти Светска здраствена организација (СЗО).

– СЗО  е подготвена да ги поддржи сите држави во борбата против вирусот, изјави генералниот директор на Организацијата, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тој додаде дека државите со послаби здраствени системи мораат агресивно да постапат за да го сузбијат ширењето во почетна фаза и да спречат локална трансмисија на новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот