Во Аеродром ќе се решава проблемот со паркирањето, кај Мајчин дом ќе има нови 56 паркинг места

Во обид да се изнајде соодветно решение за овој долгогодишен проблем, а на иницијатива на станарите од зградата кај Мајчин дом, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, одржа средба со граѓаните од овој дел на Општината.

Паркирањето во Општина Аеродром  и немањето доволно слободни паркинг места за локалното население е проблем кој се провлекува со години наназад во оваа скопска општина. Во обид да се изнајде соодветно решение за овој долгогодишен проблем, а на иницијатива на станарите од зградата кај Мајчин дом, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, одржа средба со граѓаните од овој дел на Општината.

  • Тие ги соопштија нивните тековни проблеми од кои најголем проблем им е паркинг просторот. Во текот на 2022 година ќе ја почнеме и завршиме постапката за асфалтирање и обележуваме на просторот зад Мајчин Дом и на тој начин ќе обезбедиме нови 56 паркинг места. Дополнително, во соработка со Градски паркинг ќе изнајдеме решенија за проблемите со паркингот и на други локации ширум нашата општина. Ќе направиме сè што е во наша моќ и за зградите кои не се опфатени со зонското паркирање да смеат да паркираат на обележаните места – истакна градоначалникот Муцунски.

Тој меѓу другото најавува и дека токму ваквите средби со локалното население ќе станат редовна пракса.

  • Се запознав со проблемите и барањата кои ги имаат овие луѓе и можам да ветам дека ќе направам сѐ што е во моја моќ за истите да се решат. Како нова локална власт ќе ги сослушаме сите граѓани и ќе најдеме заедничко решение за нивните проблеми – заклучи градоначалникот на Општина Аеродром.

Во својата предизборна програма, Муцунски вети дека до крајот на својот мандат, како локална самоуправа ќе обезбедат 3 000 нови паркинг места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот