Во „Аџибадем Систина“ почнаа да се оперираат деца на товар на ФЗОМ

Фото: Принтскрин

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ почнаа да се вршат кардиохируршки интервенции на деца до 18 години со кардиоваскуларни болести кои се покриени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Можноста произлегува од анексот на Договорот за извршување и плаќање на здравствени услуги во областа на кардиоваскуларна хирургија на осигурени лица кој го потпишаа ФЗОМ и „Аџибадем Систина“.

Овие интервенции ги извршува тим од доктори предводен од Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, заедно со доктори од „Аџибадем“ од Турција кои зад себе имаат повеќе од 15 илјади интервенции.

Станува збор за тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолизи, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот