Во 43 држави во САД има 800 милијардери: Кој е на врв на листата и колкаво е нивното богатство?

Долари/ Фото Архива на СП

Корпоративна Америка е сила за себе и веќе долго време се полемизира за се поголемиот јаз меѓу богаташите од САД и просечниот жител, кој едвај врзува крај со крај.

САД имаат 330 милиони луѓе и околу 800 милијардери, кои се „константа“ во таа земја, известува „visualcapitalist.com“, а само неколку сојузни држави немаат милијардери од „таков калибар“.

Ова се најбогатите личности во САД, и државите во кои тие живеат и работат, а од секоја држава и избран по еден. Затоа, пример, на листата нема да го видите Бил Гејтс, бидејќи доаѓа од Вашингтон исто како и Безос, кој е побогат од него. Најголем дел од нив се мажи, но постојат 10 жени кои имаат најголемо богатство во своите држави.

На прво место е Џеф Безос од Вашингтон(нето вредност: 193,8 милијарди долари), потоа следи Илон Маск од Тексас(нето вредност: 191,8 милијарди долари), а потоа Марк Закерберг од Калифорнија(нето вредност: 101,3 милијарди долари). 

Ворен Бафет од Небраска(нето вредност: 87,6 милијарди долари) е на четврто место, а Џим Волтон од Арканзас(нето вредност: 67,5 милијарди долари) е на петто. На шесто место на оваа листа е Мајкл Блумберг од Њујорк(нето вредност: 54,98 милијарди долари), додека седмата позиција ја зазема Фил Најт од Орегон(нето вредност: 51,7 милијарди долари).

Последните три места од првите 10 ги заземаат Даниел Гилберт од Мичиген(нето вредност: 45,5 милијарди долари) и Чарлс Кох, кој живее во Канзас(нето вредност: 44,9 милијарди долари). На 10-то место е Џон Марс од државата Вајоминг(нето вредност: 29,8 милијарди долари).

Жаклин Марс е веднаш под првите 10 места на листата на американски милијардери, а таа доаѓа од Вирџинија(нето вредност: 28,9 милијарди долари). Потоа следат Томас Петерфи од Флорида(нето вредност: 22,9 милијарди долари) и Пјер Омидјар од Хаваи(нето вредност: 22,3 милијарди долари).

Следни се Ернест Гарсија од Аризона(нето вредност: 18 милијарди долари), Реј Далио од Конектикат(нето вредност: 16,9 милијарди долари) и Кен Грифин од Илионоис(нето вредност: 15 милијарди долари). 

Иста нето вредност како Грифин има и Абигејл Џонсон, која доаѓа од Масачусетс, па следат Томас Џуниород Тенеси(нето вредност:14,4 милијарди долари), Џон Менард Џуниор од Висконсин(нето вредност: 14,2 милијарди долари) и Дејвид Дафилд од Невада(нето вредност: 13,7 милијарди долари).

На листата која ја состави „visualcapitalist.com“ се наоѓаат и овие имиња:

Карл Кук од Индијана(нето вредност: 10,5 милијарди долари), Филип Аншутс од Оклахома(нето вредност: 10,1 милијарди долари), потоа Џим Кенеди од Џорџија(нето вредност: 8,2 милијарди долари), и Викторија Марс од Пенсилванија(нето вредност: 7,2 милијарди долари).

Роко Комисо од Њу Џерси(нето вредност: 6,9 милијарди долари), Џејмс Гуднајт од Северна Каролина(нето вредност: 6,5 милијарди долари), Мичел Рејлс од Мериленд(нето вредност: 6,5 милијарди долари) и Денис Вашингтон од Монтана(нето вредност: 6,2 милијарди долари).

Потоа следат Лес Векснер од Охајо(нето вредност: 5,6 милијарди долари), Хери Стајн од Ајова(нето вредност: 5,4 милијарди долари), а потоа и Тамара Густавсон од Кентаки(нето вредност: 5,3 милијарди долари) и Полин Мекмилијан Каинат од Мисури(нето вредност: 4,9 милијарди долари).

Френк Вендерслат од Ајдахо(нето вредност: 3,5 милијарди долари), Гејл Бенсон од Луизијана(нето вредност: 3,3 милијарди долари), Глен Тејлор од Минесота(нето вредност: 2,5 милијарди долари), Џонатан Нелсон од Род Ајленд(нето вредност: 2 милијарди долари) и Анита Закер од Јужна Каролина(нето вредност: 1,9 милијарди долари).

Гејл Милер од Јута(нето вредност: 1,9 милијарди долари) има исто богатство како и Сузан Алфонд од Мејн. Дени Сенфорд е од Јужна Дакота(нето вредност: 1,6 милијарди долари), а последните два места на листата ги заземаат Џејмс Даф од Мисисипи(нето вредност: 1,4 милијарди долари) и Џим Џастис од Западна Вирџинија(нето вредност: 1,2 милијарди долари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот