Во 36 случаи во Грција затаен данок во висина од 24,5 милиони евра

Грчкиот Парламент во Атина / Фото: EPA-EFE/CHRISTINA ZACHOPOULOU

Лекари, туристички агенции, сметководители, фитнес центри, фризерски салони, спортски клубови, компании за транспорт, за храна, за облека, се дел од бизнисите што се најдоа на листата на затајувачи на данок за периодот 2014-2019 година во Грција и ѝ направиле штета на државата во висина од 24,5 милиони евра според податоците од Независната служба за јавни пригоди, кои ги објавува грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 36 случаи во кои не се издавале фискални сметки и фактури, доставувале даночни пријави со неточности или воопшто не поднесувале пријави.

Највисок е износот на компанија за трговија со облека во северна Грција, која во периодот од 2015 до 2017 поради неиздадени фискални податоци затаила данок во висина од 4,5 милиони евра, а над два милиони се износите на две компании од областа Тракија и од островот Крит кои не поднеле даночни пријави и ДДВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот