Во 21 област во Турција ќе има пребројување на гласовите

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Врховниот изборен совет одлучи за пребројување на гласовите во 21 област во Турција по анализата на приговорите поднесени од страна на политичките партии во врска со локалните избори одржани на 31 март.

Во Истанбул ќе има пребројување на гласовите на дури 18 дистрикти, од кои во 15 ќе се пребројат неважечките гласови, додека во три дистрикти ќе има целосно пребројување на гласовите.

Владејачката АКП оптимистички гледа на пребројувањето на гласовите во Истанбул, но од ЏХП велат дека пребројувањето нема да влијае на резултатот во победата на нивниот кандидат Екрем Имамоглу.

Прифатени се приговори и во Анкара и во неколку други области во земјата каде што имаше приговори од неколку партии. Резултатите се очекуваат да бидат објавени од страна на Врховниот изборен совет на Република Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот