Алармантно – продолжува палењето на контејнери во главниот град

Портпаролката на ЈП „Комунална хигиена“ Ана Марија Бранѓолица во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за негативниот тренд на палење контејери во главниот град.

– Не можеме да одговориме кои се причините за палањето на контејнерите и кантите за отпад, бидејќи не ги знаеме сторителите и шти ги наведува на ваков чин. Од почетокот на 2020 се запалени 17 садови за одлагање на отпадот што е многу црн биланс. Во 2019 се запалени точно 137 контејнери – рече таа.

Додаде дека вкупната штета која ги претпрело претпријатието е над 1,5 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот