Во 2019 година безбедносните служби шпионирале 22.210 лица во Франција

За да се добие одобрување за користење на разузнавачка техника, службата која бара, мора да убеди дека насочената личност претставува сериозна закана за јавниот мир.

Четвртиот годишен извештај на Националната комисија за контрола на информатичките технологии (ЦНТЦТР), надлежен за делумно потврдување на законитоста на дејноста на француските служби, документ од 121 страници, предаден денеска на претседателот Емануел Макрон, открива дека 22 210 лица биле предмет на најмалку една мерка за набљудување во 2019 година, што е речиси стабилна цифра (+ 0,8 отсто) во однос на 2018 година, јави дописникот на МИА.

Меѓу причините наведени за шпионирање на „целта”, спречувањето на тероризам се однесува на најголемиот дел од барањата (38 отсто), односно 7 736 лица, во кои се вклучени и оние поврзани со радикален исламизам. Потоа следува репресија на организираниот криминал (19 отсто) и потоа одбрана на геостратегиските интереси на Франција (18 отсто) кои се во срцето на суверените надлежности на шпионажата, односно спречување на странско мешање или борба против ширење на оружјето за масовно уништување. Економската шпионажа продолжи да расте со 11 отсто од барањата (споредено со 9 отсто во 2018 година), превенцијата на „колективно насилство што може сериозно да го поткопа јавниот ред” добива на интензитет, со 14 отсто од барањата на службите. Тоа е повеќе од двојно во однос на 2017 година. Немирите предизвикани од црните блокови на маргините на демонстрациите на „жолтите елеци” се причината за ова.

Комисијата е особено внимателна во однос на следењето, „за да се добие одобрување за користење на разузнавачка техника, службата која бара, мора да убеди дека насочената личност претставува сериозна закана за јавниот мир.

Севкупно, ЦНЦТР одговори на 73 229 барања од т.н. разузнавачки служби „прв круг”, како што се ДГСЕ (обавештајна)или ДГСИ (контра-обавештајна), но и од оние наведени во „вториот круг”, каде се наоѓа Територијална разузнавачка служба (РТ). Додека барањата за пристап до податоците за конекција, особено деталните фактури, паднаа за 16 отсто, гео-локацијата во реално време продолжува нагло да се зголемува. Од 2016 година, користењето на ова техника се зголеми за 213 отсто.

Безбедносните пресретнувања на комуникациите, односно прислушување, било побарано 12 574 пати минатата година. Нивната употреба скокна за 19 отсто за една година, по зголемувањето од 20 отсто во 2018 година.

„Другите техники”, некои од нив многу наметливи, како што се озвучувањето, снимање на слики, па дури и влегување во приватни места, пораснаа за 21 ОТСТО, достигнувајќи 13749 во 2019 година. Скоро идентичен со оној забележан во 2018 година, ова зголемување според Комисијата се должи на „растечката употреба на сложени техники”, вклучително и употреба на шпионски куфери „Имси-качерс” кои ги „сифонираат” сите податоци во блискиот радиус, без да стапат во контакт со целта .

Во рамките на проверките направени за да се провери законитоста на спроведувањето на мерките за следење, Комисијата стотина пати ги посетувала службите и спроведувала секојдневни „онлајн” проверки од сопствените простории.

Таа притоа укажа на некои „неправилности” поврзани со „непочитување на периодот на задржување на собраните податоци” или дури и со „неправилно зачуваните” записници. „Сите тие беа брзо корегирани од службите, вели комисијата, која до денес не открила никакви неправилности што ќе сведочат за волјата на службите за заобиколување на законот”.ЦНЦТР на крај жали што не може да ги консултира таканаречените досиеја за „суверенитет”, веќе контролирани од Националната комисија за информатика и слободи и кои службите не сакаат да ги отворат, бидејќи содржат информации од техничко собиорање, но исто така и со оние што доаѓаат од „извори” или пренесени од странски „партнери”. Со други зборови, срцето на тајните на Франција врз кој бдее интимниот свет на шпионажата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот