Во 19 сообраќајки, 12 повредени

Фото: МИА

На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 19 сообраќајни незгоди од кои во девет има повредени лица, а во 10 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 12 лица од кои три потешко и девет полесно.

Сообраќајната полиција санкционирала 228 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената и 115 возачи кои биле пијани.

Од сообраќај се исклучени и 88 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и 16 возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 57 нерегистрирани возила и едно возило кое било претоварено.

Издадени се 142 мандатни казни за непрописно паркирање, а 108 возила кои биле непрописно паркирани се подигнати со специјалното возило „пајак”.

На црвено светло поминале девет возачи, а евидентирани се и 16 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. За некористење заштитен шлем санционирани се 14 возачи на мотор, мопед и мотоцикл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот