Внукот на основачот на автомобилскиот гигант „Фиат” пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи
Внукот на Ањели, основачот на автомобилскиот гигант „Фиат”, Лапо Елкан, добил смртни закани и фашистички навреди по објавувањето на информацијата во која тој кажува дека фашистичките групи треба да бидат распуштени.
Елкан соопшти дека неговите адвокати „во следните неколку часа” ќе поднесат тужба против наводните фашисти, пренесе Анса.
Тој изјавата во која ги критикува фашистичките групи ја даде поради извештаите за актуелните настани на државната телевизија РАИ.
Елкан е бизнисмен, филантроп и внук на Џани Ањели, „кралот на Италија”, кој почина во 2003 година. Тој е брат на Џон Елкан, актуелнуиот претседател на групацијата „Fiat Chrysler Automobile” (FCA) и претседател и извршен директор на „Екор”- инвестициска компанија контролирана од семејството Ањели, во чија сопственост е фудбалскиот клуб „Јувентус”, наведува италијанската агенција.
Извор.МИА