Внукот на легендарниот Елвис Присли изврши самоубиство на 27-годишна возраст!

Синот на Лиса Мари Присли, Бенџамин Кио пронајден е мртов, пишуваат странските медиуми. Музичарот, инаку внук на легендарниот Елвис Присли почина во неделата во Калабасас, Калифорнија, потврдил менаџерот на неговата мајка. Тој наскоро ќе наполнеше 28 години.

профимедиа

Сајтот TMZ пренесува дека локалните власти на Лос Анџелес не ги соопштиле деталите за неговата смрт, додека некои локални медиуми спомнуваат дека станува збор за самоубиство. Медиумите пренесуваат неофицијални наоди од истрагата, според кои Бенџамин е пронајден на место во близина на Лос Анџелес со прострелна рана која наводно сам си ја нанел.

инстаграм

Кио скоро никогаш не се појавувал во јавноста. Неколку негови фотографии биле објавени во медиумите, на кои е очигледно дека личи на неговиот легендарен дедо.

Британскиот таблоид DailyMail, порано пренел дека Кио во 2009 година добил понуда од 5 милиони долари да сними 5 албуми, но внукот на славниот Присли не го направил тоа.

инстаграм

Инаку, Лиса Мари Присли има уште три ќерки.

Кралот на рокенролот исто така почина прерано, на 42-годишна возраст. Присли за време на неговиот живот стана легенда. За 20 години кариера продал 150 милиони плочи и глумел во дури 30 филма.

инстаграм

Слушнете ја песната која Мари му ја посветила на Бенџамин:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот