Внуката на Тачи го нападна Харадинај

Gazeta Express

Внуката на косовскиот претседател Хашим Тачи, Евгени Тачи, која е и пратеничка, го „нападна” поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај. Тачи го нарече Харадинај дезертер и кукавица, пренесува Газета Експрес.

Преку постирање на Фејсбук, Тачи рече дека нема да ја остават земјата во рацете на саботерите на процеси и уништувачите на институциите.

– Само за една работа не сме подготвени: државата, која народот на Косово ја градеше со толку многу жртвување, да ја оставиме во рацете на саботерите на процесите, уништувачите на институциите, политичките анемичари, на дезертерите и кукавиците. Никогаш – напиша Тачи.

Инаку, Евгени Тачи е ќерка на Гани Тачи, братот на косовскиот претседател Хашим Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот