Внуката на Садам Хусеин открива шокантни детали: Одлучив да ја кажам вистината за моето семејство! (ВИДЕО)

Луѓето имаат погрешна претстава за она што се случило во Ирак, изјави внуката на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, Харер Хусеин Камел, која се надева дека нејзината нова книга ќе ја расветли вистината за нејзината земја и семејство.

– Избрав да напишам книга за да ја кажам вистината. Историјата на мојата земја е погрешно претставена, рече Харер Хусеин Камел, објаснувајќи дека се чувствува одговорна да го разјасни начинот на кој бил прикажан Ирак и нападите на нејзиното семејство.

– Одлучив да ја раскажам приказната за моето семејство кое се обидоа да го дискредитираат, рече таа.

Садам Хусеин владееше со Ирак речиси 25 години, по што беше симнат од власт со инвазија предводена од САД во 2003 година, а подоцна беше погубен. Тој е обвинет за кршења на човековите права за време на неговиот мандат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот