Внуката на принцезата Дајана се сврши за 30 години повозрасен маж, кој од нејзиниот татко е постар за пет години! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Дајана, Кити Спенсер (29), внука на принцезата Дајана, се сврши со Мајк Луис (61), кој претходно се разведе со сопругата, со која има три деца, а неговото богатство е проценето на 80 милиони фунти, пишува „Метро“.

Инаку, Луис е пет години постар од таткото на Кити.

 

View this post on Instagram

 

Sunny side up ☀️ Thank you for having me at your beautiful show @roland_mouret ? #LFW ? by @davebenett

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer) on

Парот првпат се појави во јавност во август 2018 година. Тогаш папараците ги забележаа како се бакнуваат. Гласините за запросувањето започнаа уште во јуни минатата година поради големиот дијамантски прстен кој Кити го носеше на еден лондонски бал.

Меѓутоа, британската манекенка и аристократка деновиве повторно е актуелна во светските медиуми поради месецот во кој се одбележува годишнината од смртта на нејзината тетка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот