Внук осомничен дека си ја убил бабата

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полициска лента / Фото: МИА

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Тој се сомничи дека во периодот од 05.11. до 11.11.2021 извршил кривично дело убиство врз неговата баба В.Б.(75) во нејзиниот стан на ул.„Никола Малешевски“.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Видео на денот