Внук на познат хрватски политичар пренесен во болница со скршена глава по тепачка за Нова година

Голема тепачка избувна синоќа во познатиот хотел на Копаоник.

Според неофицијалните информации, во пресметката учествувал и Јосип Керум (30), внук на познат хрватски политичар и бизнисмен, вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, пренесуваат српските медиуми.

Наводно групата на Керум се степала со група Црногорци. Јосип и еден од неговите пријатели од Србија биле пренесени во КЦ Нови Пазар со скршени глави.

Јосип Керум веќе има криминално досие. Хрватската полиција во 2016 година во неговата куќа во Чиово пронајде цел арсенал оружје. Тој скрил 11 автоматски и две полуавтоматски пушки, потоа 10 пиштоли и два револвери со повеќе од 13.000 куршуми.

Исто така, тој беше осуден и за трговија со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот