Внимавајте во фризерските салони! Феновите за коса можат да ја зголемат шансата за пренос на коронавирусот

Со попуштањето на мерките, веројатно ќе бидат отворени фризерските салони, иако некои и во овој период работеа со закажување.

Со оглед на тоа што ќе има навала во фризерските салони, сепак ќе треба да се внимава на некои работи.

И во фризерските салони ќе треба да се почитува растојанието, а столиците веќе нема да смеат да бидат поставени една покрај друга како претходно.

Ако фризерскиот салон е голем, тогаш ќе може да се услужуваат две лица истовремено, ама ако е мал, услуга ќе може да добие само еден клиент со задолжително претходно закажување.

Посебно внимание треба да се посвети на проветрување на просториите, посебно во услови каде што се произведува електрична енергија.

Имено, феновите за коса константно го движат воздухот, а со самото тоа и побрзиот проток на штетните честички, поради што при фенирањето е неопходно вратата и прозорците да бидат отворени за воздухот почесто да се менува.

Ако фризерот не обратил внимание на тоа, напоменете му пред почетокот на фенирањето да ги отвори вратата и прозорците.

Значи, фенот за коса не смее да се користи во затворена просторија ако воздухот не циркулира.

Видео на денот