Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм! – Слободен печат
ЖенаМагазин

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Со секој загубен килограм метаболизмот дополнително станува сè побавен, па затоа на почетокот на секоја диета губиме повеќе килограми, а потоа слабеењето оди се потешко.

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – 3 килограми, а вежбањето туку не помага многу, тврдат истражувањата.

Поточно, ако се борите со вишокот килограми, добро е да знаете дека намалениот внес на калории дава поголеми резултати отколку вежбањето.

Се разбира, вежбањето има куп предности, но новото истражување вели дека за да ослабнеме најважно е да го намалиме внесот на калории, односно да елиминираме од дневното мени најмалку два омилени газирани пијалаци и големината на оброците да ја намалиме на половина.

Истражувањето покажува дека вежбањето не е најважно за слабеење, но од друга страна, лицата кои се активни многу помалку се во опасност да се здебелат. Вежбањето влијае на зголемување на апетитот, тврдат нутриционистите, зашто нашето тело си ги сака „назад“ изгубените калории. Оттука специфичната храна која влијае на забрзување на метаболизмот е поделотворна отколку теловежбите.

Кога ќе почнете да губите килограми, метаболизмот се забавува, па многу луѓе веруваат дека ќе го забрзаат со вежбање. Меѓутоа, истражувањето вели дека, без разлика на тоа, метаболизмот останува побавен и „погладен“, па затоа губењето на килограми станува сè потешко. Секако, ова не значи дека треба да се откажете од вежбање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close