ВНИМАВАЈТЕ СО БОИТЕ ЗА ЈАЈЦА: Ако ги видите овие ознаки на нив, не ги купувајте, опасни се!

Боите за јајца често содржат опасни и штетни материи, па секогаш подобар избор е да се обидете јајцата да ги обоите со природни бои. Кога јајцата се обоени на природен начин, нема потреба да се грижите какви материи навлегуваат во лушпата на јацето. Од друга страна, навлегувањето на синтетичките бои е друга приказна, бидејќи тие често содржат опасни и нездрави материи.

Ова е список на опасни материи кои, доколку ги видите на декларацијата, подобро таа боја да не ја купувате:

E102 – Тартразин – Синтетичка жолта боја, забранета во Норвешка. Предизвикува алергија, гушење, осип, хиперактивност кај децата.

E104 – Квинолин – Синтетичка жолта боја која предизвикува осип и хиперактивност. Не се користи во САД.

E110 – Сансет/Портокалово жолта – Предизвикува хиперактивност и стомачни болки.

E122 – Кармоизин, Азорубин, Хиперактивност и задржување на водата во организмот кај личности алергични на Аспирин.

E124 – Понцеау 4Р – Хиперактивност и влијание кај астма. Забранета во САД.

E 129 – Алура Црвена – Хиперактивност и алергиски реакции. Забранета.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот