ВНИМАВАЈТЕ: Полово преносливите болести не се пренесуваат само преку сексуални односи

Освен преку сексуални односи, со полово преносливи болести може да се заразите и на други начини. Во продолжение прочитајте некои од нив.

Балсам за усни и кармин
Балсамите за усни и карминитене треба да се позајмуваат од други или да им се даваат на други. И оралниот и гениталниот херпес се пренесуваат преку директен контакт. Преку туѓиот балсам или кармин може да дојде и до вашата уста.

Влажни пешкири
Полово преносливите болести се предизвикани од бактерии и вируси кои лесно се размножуваат на влажни предмети, а пешкирот е еден од нив.

Бричење и депилирање
При бричењето, на кожата се создаваат ситни оштетувања на кои лесно „се лепат“вирусите. Доколку користите туѓ брич, преку крвта што се задржала на површината на жилетот, може да внесете сексуално пренослива болест во вашиот крвоток.
При депилирањето, особено на бикини-зоната, ако вашиот козметичар има обичај со истиот алат два или повеќе пати да нанесе восок – постои шанса да заболите од полово пренослива болест.

Солариум
Солариумите се идеални за пренесување полови болести. УВ-зрачењето во солариумот не го уништува ХПВ-вирусот, а тој се пренесува од контакт на кожа со кожа или преку заразен предмет.

Тетовирање и пирсинг
При тетовирање и пирсинг, хигиената е многу важна. Поголемиот број салони одржуваат хигиена на своите инструменти, но посебно внимание треба да се обрати на иглите преку кои може да се пренесе хепатит Б или Ц, или ХИВ вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот