ВНИМАВАЈТЕ: По новиот автопат низ Грделица нема да можете да возите побрзо од 100 км/ч - Слободен печат
ВестиРегион

ВНИМАВАЈТЕ: По новиот автопат низ Грделица нема да можете да возите побрзо од 100 км/ч

Наведеното ограничување на овој дел од автопатот е такво поради безбедност на сите патници, велат во „Коридорите на Србија“.

Она што е извесно, а поврзано со делницата на автопатот Коридор 10 е дека брзината на движење на возилата е ограничена на 100 километри на час на самиот пат, односно 80 км/ч во тунелите, иако минатата година на сила стапи законот според кој брзината на движење на автопатите во Србија е зголемена на 130 км/ч.

„Наведеното ограничување на овој дел од автопатот е такво поради безбедност на сите патници, бидејќи станува збор за најтешка делница која се состои од 36 мостови, 2 најголеми тунели, а самата траса на автопатот во неколку наврати поминува од едната на другата страна на Јужна Морава, премостувајќи го магистралниот и регионалниот пат, како и меѓународната железничка пруга“, велат во „Коридорите на Србија“.

Како што додаваат, споменатата делница на автопатот низ Грделичката клисура проектирана е за брзина на отворената траса, поради сложените теренски услови во Грделичката клисура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close