Внимавајте на децата и на животните: Колку брзо температурата во автомобилот може да се искачи на 47 степени?

Никогаш не се доволни предупредувањата за тоа колку е опасно да се остави дете или животно во автомобил за време на летните горештини.

Свесноста за опасноста е уште поголема кога знаеме колку брзо температурата во автомобилот може да се искачи до вредности опасни по животот.

Резултатите алармираат на максимална претпазливост: за еден час, температурата во автомобил паркиран на сонце на 35 или повеќе степени пораснала до просечни 47 степени Целзиусови.

Контролната плоча во автомобилот била уште врела со просечни 69 степени, воланот со 53 степени, додека седиштата се загреале во просек до 51 Целзиусов степен. Во автомобилите паркирани во сенка, температурата била пониска, но и понатаму многу висока. По еден час, внатрешноста на автомобилот се загреала до 38 степени, контролниот панел до 48 степени, воланот до 42 степени, додека седиштата се загреале во просек до 41 степен.

Сите сме доживеале ситуација кога сме се вратиле во автомобилот во врел ден и одвај сме можеле да го допреме воланот. Замислете како му е тогаш на детето или на животното кои ќе останат заробени во автомобилот кој станал печка, апелираат стручњаците, додавајќи дека секој што седи во автомобилот, се разбира, дише и со секој здив испушта влага во возилото. Тие издишуваат влага во воздухот, и колку е поголема влажноста на воздухот, толку е потешко да се разлади личноста со потење, затоа што потта не испарува толку брзо.

Лицето заглавено во загреан автомобил е изложено на голем ризик од топлотен удар што може да биде фатално. Тешко е да се предвиди кога ќе се случи топлотен удар, најмногу затоа што состојбата вклучува многу фактори, вклучително и возраста, тежината и општата здравствена состојба на лицето, велат истражувачите. Но, во повеќето случаи, топлотен удар се јавува кога температурата на телото на детето се искачува над 40 степени и останува таква извесно време.

За да дознаат повеќе на каков ризик се изложени децата, истражувачите користеле хипотетички податоци за двегодишно момче. Оставено во автомобилско седиште на топол ден, детето би доживеало топлотен удар за еден час доколку автомобилот е паркиран на сонце и за два часа ако автомобилот е паркиран во сенка, утврдило истражувањето.

Се надеваме дека ова сознание може да влијае врз свесноста и превенцијата од топлотен удар кај децата и на создавањето технолошки систем во внатрешноста на автомобилот што ќе ги предупредува родителите дека го заборавиле детето во возилото.

Хипертермијата (повисока температура на телото од нормалната) и топлотниот удар предизвикуваат откажување на организмот, од внатрешни повреди до оштетување на мозокот и на органите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот