Внимавајте: Лажна објава за помош на бебе се шири на социјалните мрежи

Фото: Unsplash

На социјалната мрежа Фејсбук деновиве извесна Радица Динев споделува апел за помош на самохрана мајка чиешто бебе се бори за живот во клиничката болница Систина. Според објавата, третманите за бебето се многу скапи и тоа е причината поради која се повикуваат граѓаните да донираат пари. 

Со реакција се јавија од клиничката болница „Аџибадем Систина“ од каде нагласуваат дека апелот за помош е лажен. Оттаму им порачуваат на граѓаните да внимаваат, бидејќи кај нив нема хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот, а чија мајка е извесна Мимоза од Тетово. Од Систина апелираат да се внимава на информации од ваков тип и да не се наседнува на лажни повици за донации.

„Почитувани, Клиничката болница „Аџибадем Систина” ве известува дека во болницата не е хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот, а чија е мајка е извесна Мимоза од Тетово. За случајот на социјалните мрежи се шири повик за донации. Станува збор за лажна објава. Повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви и слични повици. Објавата во која се повикува за помош ја споделува извесна Радица Динев“, напишаа на Фејсбук од клиничката болница.

Почитувани,
Клиничката болница „Аџибадем Систина” ве известува дека во болницата не е хоспитализирано бебе кое наводно…

Posted by Acibadem Sistina Hospital on Friday, April 9, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот