Внимавајте кого ќе бакнете вечерва на полноќ!

Фото: Pexels/Polina Kovaleva

Првото лице што ќе го бакнете во новата година може да ви ја одреди следната година – тоа верување започнало во Велика Бротанија и Германија и со тек на времето се проширило низ целиот свет. Иако многу луѓе не го знаат значењето и важноста на тој прв бакнеж, постојат некои претпоставки.

Првиот бакнеж во новата година открива во која насока ќе ви тече остатокот на годината. Бакнежот зборува за зајакнување на поврзнаоста со лицето кое прво сте го бакнале.

Фото: Pexels/Polina Kovaleva

Ако љубовниот пар не го обележи почетокот на годината со бакнеж, тоа не е добро за нивниот однос и би можело да навестува проблеми во врската.

И оние кои не се во врска би требало да бакнат некого во првите минути од Новата година бидејќи во спротивно целата следна година ќе бидат многу осамени, пренесува „Your Tango“.

Шкотите имаат интересна и забавна традиција која ја нарекуваат „Hogmanay“, тоа е всушност нивен традиционален збор за последниот ден во годината. На оваа забава обичај е да се обидат да ги бакнат сите луѓе во просторијата пред полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот