Внимавајте каква ПРОФИЛНА СЛИКА ставате на Фејсбук, таа открива какви сте!

Сликата на профилот на некоја од друштвените мрежи е искажување на личниот став. Еве што можете да откриете за личноста врз основа на фотографијата.

Портрет – јасна фотографија која го покажува целото лице

Вие сте зрела личност која е задоволна со својот изглед. Во основа сте прилично здодевни. Ако станува збор за авторска фотографија значи дека сте нарцис и кариерист. Ако се работи за автопортрет, малку сте здодевни. Ако сте ставиле фотографија во костим за капење, веројатно изгледате секси, но сте несигурни.

Facebook

Слика од дете

Единствена работа што сте ја постигнале е детето. Порано сте биле забавни, сте имале многу пријатели и богат друштвен живот, а сега зборувате за пелени, кашички…

Многу крупен кадар – се гледа само дел од лицето или од телото

Сакате кај луѓето да оставите впечаток на мистериозност, но всушност така само се маскирате во вашата псевдоуметност.

Фотогафија кога сте биле дете

Мислите дека во минатото ви било подобро отколку сега. Слушате иста музика, носите слична облека и ги сакате истите работи како кога сте биле во средно или на факултет. Веројатно никогаш нема да се смените. Не сте постигнале многу и сте биле посимпатични како дете.

Домашен миленик – слика обично без сопственик

Ако се работи за мачка – вие сте жена без маж, куче – вие сте маж без партнер. Ако ставите змија – тинејџер кој слуша хеви метал.

 

Слика од свадба – невеста, младоженец, венчаница

Сакате сите да знаат дека конечно сте пораснале. Сте станале сериозни, веќе не лудувате, бракот во целост ве одредува и немате многу пријатели. Веројатно премногу сте потрошиле на свадбата, а свекрвата не ве сака.

Оддалеченост – толку сте далеку од објективот што не се гледа ниту еден детаљ од лицето или од телото

Ја цените својата приватност и не сакате секој што е љубопитен да знае како изгледате. Веројатно сте срамежливи и резервирани кон другите додека не ги запознаете подобро. Можеби едноставно не сакате другите да ги видат вашите недостатоци.

Поп култура – слика од фиктивен лик, славна личност

Немате своја личност. Се дефинирате себе и останатите според начинот на забава, без оглед дали станува збор за телевизија, музика, книги.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот