ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ СЕ ВРАБОТУВАТЕ ВО ХРВАТСКА: Девојка му возвратила на работодавецот, а тој физички ја злоставувал

Фото: Профимедиа

Девојка која во екот на летната сезона работела во Хрватска во близина на Дубровник, доживеала лошо искуство кое го споделила на Фејсбук групата „Вработи се во Дубровник“, пишува Курир.рс 

„Пет месеци работев во еден ресторан во Дубровниок за пет и пол илјади куни (750 евра) и сместување, без слободен ден, а во недела работев по цел ден. Само еднаш ме пуштија да си одам дома на шест дена, бидејќи морав да полагам испит. Психички експлодирав секојдневно и бев доведена на раб од лудило“, напишала во споменатата Фејсбук група оваа поранешна работничка во ресторан на Бргат.

„Ме погоди во нешто што многу ме боли, на што секако возвратив. Инаку, признавам дека имам јазик „како лошата“, но на неправда никогаш не сум останала должна, а тој тој ме нападна физички, ме удри во глава, ме трескаше од ѕид. Навредите кои ми ги упати не се важни бидејќи се приватни, и не сакам да ги изнесувам во јавноста“, пишува оваа девојка за својот однос со тамошниот работодавец, предупредувајќи ги луѓето да внимаваат каде се вработуваат.

„За тие пари чистев, а бев и хаусмајстор и келнер, а не верувам дека некој би го сакал тоа. Сега се враќам дома, а се уште не сум се подобрила од шокот. Синоќа го примив најсилниот седетив кој ме онесвести кога бев потресена“, пишува таа и додава дека случајот го пријавила во полиција, а најавила и пријава во Државниот инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот