Внимавајте: Фалсификувани монети на македонските патишта

Фото Принтскрин

Веќе некое време вработените на наплатните рампи на Јавното претпријатие за државни патишта предупредуваат на појавата на фалсификувани монети од 2 евра, чија казна на самиот крај ја плаќаат самите тие, дознава МКД.мк. Имено, откако надлежната банка ги открива фалсификуваните монети, тие се испраќаат до Народна банка, а на крајот за таквиот прекршок се одзема од платите на вработените.

Ваквиот проблем не е актуелен само кај нас, туку и во цела Европа. Големи полициски акции летово беа започнати во земји како Италија и Ирска за да се дознае кој ги произведува ваквите монети.

Во заедничка акција на бугарската и грчката полиција, поддржана од Европол, пред неколку години била разбиена организирана криминална група, а била откриена и ковачница во рурална фарма кај Солун. Полицијата тогаш запленила различни машини, алати и слични уреди.

Овие монети кај нас на наплатните рампи во главно доаѓаат од странските возила. Од НБРСМ за МКД.мк велат дека за првите шест месеци од годинава примиле 259 сомнителни ковани пари со апоенска вредност од 1 евро и 11.579 со апоенска вредност од 2 евра.

Кај нас, за секоја утврдена фалсификувана пара се изготвува извештај кој се доставува до носителот на парите и до МВР, кои се надлежни за истражните и оперативни дејства поврзани со борбата против фалсификувањето на парите.

Во банките нема соодветна апаратура за откривање на фалсификувани монети, како што има за банкнотите. Една од можните методи на откривање е магнетизираноста на монетите, но во последно време фалсификаторите и тој „проблем“ го решиле. Освен по наплатните рампи, во банките се избегнува употребата на монети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот