Внимателно со децата: Повлекувањето во себе е своевидно страдање, може да има сериозни последици кога ќе пораснат

unsplash
unsplash

Проблемите со  која било зависност на родителите не само што го уништува нивното здравје и живот, туку предизвикува и длабока траума и психолошкa нестабилност на нивните деца.

Психолошкиот портрет на дете со родител зависник може да предизвика трајни последици. Децата кои растат во семејство во кое еден или двајцата родители страдаат од некаков вид зависност, во подоцнежните години имаат проблеми со создавање искривена слика за реалноста.

Главната карактеристика на нивната личност е несигурноста. Нема ниту едно прашање во кое би биле 100% сигурни. Нивната несигурност е поврзана со сите сфери на животот: училиште, семејство, пријатели, љубов.

Кога ќе пораснат речиси никогаш не завршуваат некоја активност до крај. Во повеќето случаи имаат тенденција да ја кажуваат вистината дури и за мали нешта. Со текот на оформувањето на личноста и чинот на осамостојување се појавуваат потешкотии во воспоставувањето лични односи, односно доаѓа до појава на страв на зближување.

Се јавуваат проблеми со толкување на чувствата, и затоа „најлесен начин“ е да моментот на повлекување. Понекогаш емоциите знаат да го обземат човек до степен што не е во состојба да се справи со нив. Но, дури и тогаш, некои луѓе нема да кажат никому, бидејќи се загрижени за тоа како ќе ги доживуваат другите.

 

Луѓето со „тешко минато“ се плашат од промени и се нервозни кога не можат да ги контролираат работите во сопствениот живот.

Тие чувствуваат дека се „различни“ од другите, па затоа се обидуваат да го прикријат тоа. Се случува да не се согласуваат со мислењето на другите, но поради несигурност, никогаш не го искажуваат своето мислење јавно.

Истражувањата покажаа дека децата чиј родители имаат проблеми со зависности се плашат дека  пријателствата и љубовта се услуга.

 

Кога имаат проблеми со партнерите, тие тоа го прифаќаат со чувство на должност. Постојано бараат причини за грижи и се склони кон непотребна вознемиреност.

Навистина е многу важно како се однесувате пред вашите деца, зашто децата имаат посебна способност за анализирање на работите, а процесирањето на истите е бавен и макотрпен процес.

 

Секој од нас „влече“ стравови или ситуации од детството што не може да си го објасни во целост, и често се присетува на тоа. Разговарајте со вашите деца, бидете нивни пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот