Внимателно при посета на Водно и другите излетнички места, апелират од Град Скопје

Фото: МИА

Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, Град Скопје апелира до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

– Денеска е евидентиран ваков пожар на планината Водно, под месноста Марково крувче. Во моментов на терен интервенира Противпожарната бригада на Скопје со 9 возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило”, а причината за пожарот е човечки фактор, соопштија од Град Скопје.

Воедно, од таму велат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да пријават во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.

Видео на денот