ВНИМАТЕЛНО: Одрони и влажен коловоз на патот Маврови Анови-Дебар

Фото: Миа.мк

На возачите, посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња им се советува, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила.

Полицијата ги предупредува возачите на поголема внимателност додека се движат по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар заради зачестените одрони и влажниот коловоз. Маглата и последните врнежливи денови, особено на високoпланинските патишта и пред се по долината на Радика, најчесто доцна вечер и во раните утрински часови го отежнуваат безбедното движење.

– Во деновите кога значително се спуштаат температурите, на овие патишта можна е почеста појава и на голомразица, но и одрони од камења на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Поради ова, апелираме до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка. Задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

На возачите, посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња им се советува, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила, дотолку повеќе што неодамна започна второто полугодие, па нивните услуги секојдневно ги користат и голем број ученици.

Од СВР Тетово нагласуваат дека полициските службеници спроведуваат засилени контролни активности, во чие средиште се техничката исправност на возилата, како и брзината со која се движат во и надвор од населените места.

Техничките неисправните возила веднаш се исклучуваат од сообраќај и ќе се соочат со соодветни поднесоци, како и возачите кои ја надминале максималната дозволена брзина или кај кои е констатирано присуство на алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот