Внимателно: Не им дозволувајте на милениците да пијат вода од бара

Повеќето кучиња ја користат секоја прилика да си играат во застојана вода или да пијат од бара кога се жедни.
Сепак, тоа може да биде опасно за нивното здравје, бидејќи во застојана вода се развиваат штетни и опасни бактерии и токсини, предупредува „Сан“.
Најчеста бактерија која се наоѓа во барите е лептоспирозата. Тоа може да предизвика сериозни последици по здравјето на кучето, вклучително и хронично заболување на бубрезите или црниот дроб. Ако не се лекува, болеста е секогаш фатална.
Лептоспирозата се пренесува преку урината на стаорците, а глодарите обично користат бари за капење и пиење.

Друга особено опасна бактерија е џардија, паразит кој ги напаѓа цревата и предизвикува тешка дијареа.
Симптоми кои може да укажуваат на присуство на џардија се: повраќање, драстично губење на тежината и гадење. Ако ова не се лекува, здравјето на кучето ќе се влоши и може брзо да умре.
Затоа е добро сопствениците на кучиња да ги чуваат своите миленици подалеку од барите, а после прошетка – темелно измијте ги нивните шепи.