Внимателно: Кога се воведува мед во бебешката исхрана?

Unsplash
Unsplash

Медот е докажано корисен производ што има благотворно дејство за целиот организам. Може да се користи како храна или да се додаде во разни јадења и пијалаци. Но, тој истовремено е силен алерген, особено медот од хелда, додека багремовиот се смета како најсигурен.

Медот се препорачува да се воведе во детската исхрана не порано од 12 до 18 месеци возраст. Најдобро е да не се воведува во чист облик, туку како додаток во некој пијалак или храна. Еднаш кога ќе му дадете на детето да пие пијалак со мед, треба да ја следите реакцијата на неговиот организам. Ако нема реакција, можете да ја зголемите количината мед додавајќи го во други јадења.


Покрај тоа што е алерген, медот е опасен за деца помали од една година и поради можноста да се разболат од ботулизам. Тоа е инфективна болест, која се развива при голтање на ботулинум токсин, една од најпознатите токсични супстанции денес, кои ги произведува бактеријата клостридиум ботулинум.

Медот може да ги содржи овие бактерии што не се задржуваат во цревата на возрасна личност, за разлика од бебињата, поради развиените заштитни функции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот