Внимателниот гест на оваа мајка ја разнежни јавноста! (ФОТО)

Ужината за во училиште е неисцрпна тема за расправии бидејќи родителите непрестанато дискутираат која е количината на храна која им е потребна на децата.

Една мајка од Австралија одлучила да открие што стои позади големите порции кои ги пакува во училишната чанта на својата 14-годишна ќерка. Во родителската група на Фејсбук таа признала дека дел од јадењето го припрема за нејзината пријателка која често не може да си дозволи оброк на училиште.

„Откако слушнав дека пријателката понекогаш ја прашува мојата ќерка дали може да го подели нејзиниот оброк, решив да спремам малце повеќе. Го правам тоа неколку недели и секој ден се враќа со празни кутии и ми вели дека нејзината пријателка е многу среќна“, напишала грижливата мајка до фотографијата.

Внимателниот гест на мајката ги воодушеви членовите на групата кои ѝ рекле дека ги инспирирала да направат нешто слично за пријателите на нивните деца.

фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот