Внимание: Во Порто се продаваат лажни билети за утрешниот натпревар

Во Порто се продаваат лажни билети за утрешниот натпревар/ фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ) во соработка со полицијата открила дека се продаваат лажни билети за утрешниот бараж натпревар во Порто против Македонија за пласман на Мундијалот во Катар.

ФПФ и полицијата фатиле препродавачи на билети на црно, но и фалсификатори кои се обиделе да ги измамат заинтересираните навивачи.

Натпреварот во финалето од баражот за пласман меѓу Португалија и Македонија ќе се игра утревечер на стадионот „Драгао“ во Порто и на него ќе присуствуваат и македонски фанови.

Капацитетот на „Драгао“ е 50.003 седишта и според пропозициите на УЕФА и на ФИФА, на гостинските навивачи им следуваат билети од 5 отсто од капацитетот на стадионот. Тоа значи дека „фалангата“ ќе добие околу 2.500 билети, а цената на еден билет се продава за 820 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот