
Внимание во Грција: Се „крчкаат“ повисоки сообраќајни казни – за возење пијан и до 2.000 евра
Луѓето што ќе патуваат во Грција следното лето треба да знае дека возењето во алкохолизирана состојба може да резултира со сериозна парична казна, како и губење на возачката дозвола. Според „Катимерини“, измените во Законот за сообраќај, за коишто јавната расправа е отворена до 24 јануари, предвидуваат построги санкции за прекршоци поврзани со тешки сообраќајни прекршоци.
Препорачано
Како што е најавено, возачите чии нивоа на алкохол во крвта се движат од 0,50 до 0,80 промили ќе платат казна од 150 евра и 20 дена ќе останат без возачка дозвола. Дозволата се враќа само по истекот на тој рок и со доказ за плаќање на казната. За концентрација на алкохол од 0,80 промили до 1,10 казната е 700 евра, а возачката дозвола се одзема на 90 дена.
Во овој случај, прекршокот е класифициран како особено опасен за безбедноста на сообраќајот. Доколку концентрацијата на алкохол надмине 1,10 промили, казната достигнува 1.200 евра, а возачката дозвола се одзема на 180 дена. Дополнително, возачот може да се казни со затворска казна од најмалку два месеци, а регистрацијата на возилото се отстранува за период од 10 дена до 6 месеци.
Секој што ќе го повтори прекршокот се соочува со уште построги санкции – доколку возачот во рок од една година по втор пат биде фатен како вози под дејство на алкохол, ќе биде казнет со 1.000 евра, а ќе му биде одземена дозволата на 180 дена. Доколку концентрацијата на алкохол во крвта е над 1,10 g/l во случај на повторен прекршок, казната се зголемува на 2.000 евра, а лиценцата се одзема на две години. За трет прекршок во рок од пет години, возачот ја губи дозволата за седум години, предвидуваат новите прописи.
Во сите наведени случаи, возилото задолжително се одзема и се складира, што ја отежнува ситуацијата за прекршителите. Со овие мерки Грција сака да го намали бројот на несреќи предизвикани од возење под дејство на алкохол и да ја зголеми безбедноста на патиштата.