Во вилата каде што се одмора Еди Рама и кафето се пие со албански орел (ГАЛЕРИЈА) – Слободен печат
ВестиРегион

Во вилата каде што се одмора Еди Рама и кафето се пие со албански орел (ГАЛЕРИЈА)

Од албанската владина вила во Дермија, каде што се одмора Рама, јасно може да се види и Крф

Веќе три години стана обичај албанската власт во август да се пресели на крајбрежјето на Дермија. Таму, премиерот Еди Рама ги пречека бос и во шорцеви новинарите на „Еуроњус“. Оттаму тој објавува идилични фотографии од семејната среќа заедно со малиот син Захо и сопругата Линда. На истото место ги пречекува странските пријатели како Тони Блер или премиерите на регионот како Рамуш Харадинај.
Но, што се крие зад sидовите на оваа околина каде што најмоќниот човек во Албанија го поминува летото?

Албанската владина вила во Дермиа, со архитектура од средината на 60-тите години, со ретка глетка кон Карабурун до Саранда и од каде јасно може да се види Крф, е проектирана од Скендер Луариси, специјално за Енвер Хоџа. Но, албанскиот комунистички лидер многу малку ја користеше затоа што обично ги обожаваше Поградец или Валона.

Исто така ова вила ја користеа малку и Илир Мета и Сали Бериша кога беа премиери.
Еди Рама одлучи целосно да ја реновира во 2016 година. Во објектот беше сменето речиси сè. И надворешнот дел претрпе промени. Рама се погрижи ѕидовите од вилата да бидат украсени со уметнички дела.

Ниту една друга државна хиерархија не стапна веќе во оваа вила освен албанскиот премиер. Лапси.ал пишува дека од денеска, па сè додека е на власт, таа ќе биде позната како Вилата на Рама.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close