ВМРО-НП против јога во образованието – ќе ги повреди чувствата на христијаните и муслиманите

Во поглед на најновите реформи во македонското образование, ВМРО-Народна партија смета дека непотребно се создава атмосфера на паника дека училишниот предмет – историја ќе бил укинат.

-Од самиот концепт се гледа дека историјата како предмет останува и се поврзува со географијата, впрочем во најголем дел од Европа така функционира образовниот систем, а тој концепт не ја изостава ниту Македонија овобено во приватните училишта каде обично таа комбинација се нарекува “Social Studies” или општествени науки, соопштува оваа партија.

Истовремено ВМРО-Народна партија реагира за предлог – предметот „Јога“  кој би се вовел во македонскиот образовен систем и укажува на моментот дека јогата како предмет не е само физичко вежбање туку пред се јогата има сопствено религиозно значење во кое поединецот се поврзува со хиндуистичките божества.

ВМРО-Народна партија смета дека со ваквиот предлог може да се напушти секуларизмот во македонското образование, а и да доведе до повреда на религиските чувства на двете најголеми религиозни заедници во Македонија, христијанската и исламската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот