ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ во време на пандемија склучуваат матни тендери, а граѓаните немаат ни за леб

За три години откако СДСМ е на власт Македонија доби хибриден режим, три години неспособност, криминал и сиромаштија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија поради неодговорноста на власта на СДСМ и Заев уште пред почетокот на кризата создаде буџетска дупка од 120 милиони евра со што секое семејство во Македонија го задолжи со 250 евра нов долг. Таа дупка, поради ненавремените и лоши мерки се проценува дека ќе порасне до крајот на година на речиси 1 милијарда и 300 милиони евра.

Додека СДСМ си тера предизборен маркетинг секој ден граѓани заболуваат и умираат од корона вирусот.

Епидемијата за жал ја користат и за догазување на достоинството на граѓаните или за некој нов матен тендер.

Розовите очила во СДСМ ќе ги донесат до изборен пораз кој што ќе им биде неминовен, кога и да се одржат изборите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот