ВМРО-ДПМНЕ: Зошто нема предмет за признанието на Заев дека нелегално ја финансирал 1ТВ?

Фото: МИА

Опозициската партија ВМРО-ДМПНЕ излезе со соопштение, кое уследи откако портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов одржа прес-конференција, на која апелираше Јавното обвинителство да отвори случај и докрај да го истражи работењето на Мицкоски во ЕЛЕМ.

-Кога веќе Костадинов отиде во обвинителство покрај целосните изнесени невистини за Панче Тошковски да одговори дали ја праша Рускоска: Зошто обвинителство молчи за криминалот на Зоран Заев? Зошто нема предмет за признанието на Заев дека нелегално ја финансирал 1ТВ и знаел за рекетот со старечки домови на Бојан Јовановски? Зошто Рускоска ја сопре истрагата за поткуп на гласачи во Струмица со што на Заев му подари уште една амнестија? Зошто Рускоска сè уште молчи и не покренува истрага за диктирањето на Заев на пресуди и одлуки на Врховниот суд?- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот