ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев го претвори Собранието во пазар

Стравот на Зоран Заев од соочување со македонскиот народ е голем и затоа по секоја цена бега од избори. Откако беа договорени изборите Заев покажува дека е способен да ги направи и најниските работи, само за да не одговара пред законите и граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев го претвори Собранието во пазар каде тргува со секој глас преку разни притисоци, изнуди и закани се со цел да донесе закон кој ќе го амнестира за сите криминали во кои е заплеткан. Заев е свесен дека на сите им е јасно дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод и токму затоа му се брза за Законот за јавно обвинителство во кој го гледа единствениот спас за сопствениот криминал – велат од ДПМНЕ.

„Снимката која беше објавена во јавноста покажа дека Заев лично во повеќе наврати ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски кој рекетираше бизнисмени ветувајќи им слобода во замена за пари. Повеќе од очигледна е спрегата на Заев со осомничените во „Рекет“ Бојан Јовановски и Катица Јанева и токму тоа е причината поради која тој ги забранува со закон само снимките во кои се слуша како ги помага и како тие зборуваат дека е зборено со него и тој за се знае“, пишува во соопштението.

– Законот за Јавно обвинителство кој СДСМ го носи не е добар ниту за државата ниту за граѓаните туку единствено за Зоран Заев и криминалната рекетарска банда околу него. Затоа избори мора да има бидејќи Република Македонија и граѓаните не смеат повеќе да бидат заложници на криминалот на Зоран Заев и неговата желба за лично богатење.Заев и СДСМ се виновни за сите порази, погазено достоинство и криминални кои ја зацрнија Македонија изминативе три години. Заев и СДСМ мора да се соочат со граѓаните на 12 април кога ќе бидат испратени на темната страна во политичката историја, а тогаш доаѓа обнова на Македонија и одговорност – нагласуваат во соопштението.

„Заев и СДСМ никогаш повеќе!“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот